НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“

Претставува комплексна институција од национален карактер, во која делуваат: биолошко, археолошко, етнолошко, историско, одделение за историја на уметност и одделение за едукација и маркетинг.

Музејот е уникатен презентер на природното и културно наследство за регионот на Охридското Езеро – светско наследство од листата на УНЕСКО.

Повеќе

 

Историја

Основач на музејот е Никола Незлобински, Русин, кој во Струга доаѓа во 1924 година како лекар кој помага во борбата против маларијата. Тој бил воедно и вљубеник во природата и кога дошол во Струга, почнал да лови, но и да собира и препарира инсекти, птици и разни други животни. Во 1928 година ја презентира првата зоолошка збирка, со што се удрени темелите на Природно-научниот музеј во Струга, а воедно и на музејската дејност во Македонија. Во негова чест музејот го носи неговото име. Докторот Никола Незлобински уживал голема почит од граѓаните, а, поради своите општествени заслуги, бил прогласен за почесен граѓанин на градот Струга. Заедно со сопругата Софија, почиваат во алејата на заслужните граѓани на градските гробишта во Струга.

Одделенија

  • Биолошко одделение
  • Археолошко одделение
  • Историско одделение
  • Одделение за историја на уметност
  • Етнолошко одделение
Тамо по срце в кавал да свирам,
С’нце да зајдвит, ја да умирам.

Настани

Нема настани
Министерство за култура
на Република Македонија