НУ Музеј „д-р Никола Незлобински“
Претставува комплексна институција од национален карактер во која делуваат биолошко, археолошко, етнолошко, историско, одделение за историја на уметност и одделение за едукација и маркетинг.
Основач на музејот е докторот Никола Незлобински русин по потекло кој во Струга доаѓа 1924 година како лекар кој помага во борбата против маларија.Тој бил воедно и вљубеник во природата и кога дошол во Струга почнал да лови,но и да собира и препарира инсекти, птици и различни животни.Во 1928 година ја презентира првата зоолошка збирка со што се удрени темелите на природно-научниот музеј во Струга, а воедно и намузејската дејност во Македонија. Во негова чест музејот го носи неговото име.