Биолошко одделение
Постојаната природно-научна музејска збирка која е изложена во музејот е значајна и карактеристична по тоа што сите примероци потекнуваат од Струга и околината,Охридското езеро,блато, полето,околните планини со што и самиот музеј е всушност специјализиран за одредено поднебје.Самата изложба изобилува со богат музејскиматеријал кој има непроценливо значење за науката. Преставени се различни видови инсекти, водоземци и влечуги,риби кој живеат во Охридското езеро,голем број на различни птици како и цицачи карактеристични за нашиот крај, преставници од сите животински групи како и дел од ботаничкиот материјал.Во изложбата се еволутивно презентирани експонати од сите животински категории од најпримитивните форми до цицачите.
Биолошкото одделение во Природонаучниот музеј ,,Д-р Никола Незлобински,, постои уште од основањето на музејот. На почетокот имало само зоолошки и препараторски оддел со препарирани инсекти и животни кои ги препарирал Д-р Никола Незлобински заедно со неговите соработници. Неговата прва музејска збирка како постојана музејска поставка била изложена во далечната 1928 г. во една од бараките на маларичната станица во која што работел. Со тоа го основал Природонаучниот музеј во Струга и ги поставил темелите на музејската дејност во Македонија. Подоцна во 1938 г. била изградена музејска зграда по иницијатива на Д-р Незлобински во која е изложена постојаната Природонаучна музејска поставка.
Со текот на времето во музејот се формирал и ботанички оддел за истражување, собирање, хербаризирање и стручна обработка на растенија карактеристични за нашиот регион.
Постојаната Природонаучна поставка изложена во музејот изобилува со богат музејски материјал на флора и фауна кој има непроценливо значење за науката. Главна карактеристика на оваа поставка е тоа што сите примероци со исклучок на мечката, потекнуваат од Струга и околината, Охридското езеро, блатото, околните планини, со што и самиот музеј всушност е специјализиран за одредено подрачје. Во збирката доминираат птиците (птици пеачки, птици пливачки, блатни птици, птици грабливки) па претставници од цицачите, влечугите и водоземците, а неизоставен дел се и рибите од Охридското Езеро. Во оваа поставка зачувана е и збирката на инсекти кои ги собирал лично Д-р Незлобински, како и дел од неговиот научен труд за тении кај одредени животни.
Кустосите од биолошкото одделение со нивните теренски истражувања ја надополнуваат оваа збирка со примероци од флора и фауна кои се потребни, а притоа собраниот материјал, зоолошки и ботанички стручно го обработуваат во просториите на музејот.