Одделение за историја на уметност
Одделението за историја на уметност се занимава со истражувачки работи, евиденција и изработка на документација за живопис, резба, библиографски материјал, и друг црковен материјал, но исто така прибира и обработуваи дела од областа на современата ликовна уметност, организира тематскиизложби и го публикува истражениот материјал.
Струшкиот регион е богат со цркви и манастири од византискиот период, поствизантискиот период и времето на Преродбата а дел од нив се и регистрирани споменици на културата. По својата уникатност и висока уметничка вредност се издвојуваат четирите пештерни цркви, ориенталната базилика св. Богордица Пречиста во с. Враништа и градската црква св. Ѓоргија во чии состав работи и Галеријата на икони каде е сместена збирката на икони на самата црква. Меѓу нив најзначајна е иконата на св. Ѓорги од 1267 која се вбројува во најубавите дела на средновековниот иконопис во Македонија.
Во рамки на одделението е Спомен галеријата Вангел Коџоман. Галеријата го носи името и е посветена на еден од основоположниците на Македонската современа уметност Вангел Коџоман. Таму покрај постојаната тематска изложба на Коџоман “Струга во минатото„ се организираат и повремени изложби на млади академски уметници како и реномирани автори, а значаен сегмент од работата преставуваи превземањето на изложби од другите културни институции во Македонија. Покрај делата на Коџоман музејот во својата збирка поседува дела на повеќе македонски и светски автори.