Проекти
Н.У. Музеј „Д-р Никола Незлобински“ – Струга и во 2017 година доби поддршка од Министерство за култура преку повеќе проекти кои се поддржани во годишната програма за работа на националните установи во културата.
Проектите кои се поддржани ги опфаќаат сите одделенија на музејот, внимание е посветено на заштита на музејските збирки и експонати, едукативната функција на музејот постојано ќе биде надоградувана, а се работи и на промоција на музејот и богатото природно и културно наследство кое го содржи и претставува.
- Осовременување на депоата (II фаза)
- Превентивна заштита на музејските експонати и музејскиот материјал од музејски штетници
- Конзервација на керамички материјал од археолошката збирка на Музеј „Д-р Никола Незлобински“
- Конзервација на метални предмети од збирката на Музеј „Д-р Никола Незлобински“
- Конзервација на етнолошки материјал од збирката на Музеј „Д-р Никола Незлобински“
- Изработка на елаборат за ревалоризација на збирката уметнички дела од Вангел Коџоман
- Замена на експонатите од постојаната изложба со нови на тема: Лековитетите растенија на планината Јабланица
- Едукативна работилница – Рибите во Охридското Езеро
- Едукативна работилница – Културно наследство од Струга и Струшко
- Изработка на промотивен и рекламен материјал
Покрај горенаведените проекти, музејот планинира и други бројни активности со кои ќе се збогати културната понуда, работи на вмрежување на национално и меѓународно ниво од каде што ќе произлезат нови соработки и проекти, се во интерес на богатото природно и културно наследство, Струга и Република Македонија.