Историско одделение

Дејноста на историското одделение е насочена кон собирање сведоштва за историското минато на овој крај, нивна обработка и презентирање. Тие сведоштва се во формана документи и оригинални фотографии на личности, настани и места од нашата историја,мемоари на живи учесници за нашето историско минато,предмети со историскозначење, старо оружје, фотографии на Струга и струшкиот крај, лични предмети и оригинални документи на д-р Никола Незлобински. Во негова чест е направена и спомен соба во која е прикажан животот и делото на Незлобински.

Во рамки на ова одделение работи и Спомен домот на Браќа Миладиновци, каде што е сместена постојаната тематска изложба за животот и делото на Браќата Миладиновци.

Годишнините и јубилеите на историските настани се одбележуваат преку тематски изложби соодветно на настаните. Досега се организирани повеќе изложби за илинденскиот период за НОАВМ, за браќата Миладиновци  и една изложба со со наслов „Борбениот пат на 1 македонска пролетерска бригада“, како постојана поставка во Спомен домот на бригадата во с. Локов. Некои од овие изложби беа поставувани и во други градови низ Македонија а други се преизлагаат по поводи.