Огласи

              Врз основа на член 3, член 5, член 6,  став 1 и 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 199/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19), член 77-а став 1,2 и 5, член 77-в став 1, член 77-г, член 77-ѓ и член 77-ѓ од Законот за култура („Службен весник на Република Македонија“ бр.31/98, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16 и 11/18), член 22 и 23 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.167/15 – преч.текст, 27/16 и 120/18 и “Службен весник на Република Македонија” бр.110/19), како и одредбите од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас и на пријавата за вработување, начинот на спроведување на селекција, како и начинот за бодување  во зависност од категоријата и нивото на работното место за кое е објавен огласот од НУ Музеј ,,Д-р Никола Незлобински“ Струга бр. 01-171/1 од 09.10.2019 година, а согласно Правилникот за систематизација на работните места на установата бр.01-143/1 од 14.08.2020 година, со сите негови измени и дополнувања и известувањето за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии бр. бр.19-7049/2 од 01.07.2025 година, Националната установа Музеј ,,Д-р Никола Незлобински“ Струга, објавува:


                                                  
      ЈАВЕН ОГЛАС БР.02/2025

                                      За вработување на неопределено работно време


НУ Музеј ,,Д-р Никола Незлобински“ Струга, има потреба од вработување на неопределено време на 1 (едно) лице давател на услуги, за работното место:

1.Кустос историчар КУЛ 03 04 Д03 002 – 1(еден) извршител

I.Посебни услови:

Високо образование  (Хуманистички науки: Историја и Археологија)

Работно искуство: до една година работно искуство

Паричен нето износ на плата 51 359 денари

II.Кандидатот за работното место треба да ги исполнува следниве општи услови:

-да е државјанин на Република Северна Македонија

-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

III.Распоред на работното време и износ на плата:

Работни часови неделно :40

Работни денови: од понеделник до петок

Работно време : 7:30  – 15:30

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од наредниот ден од објавувањето на огласот во дневниот печат и на интернет страната на Музејот  www.museumstruga.mk (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на во НУ Музеј „ Д-р Никола Незлобински“ Струга, или да се симне од веб страната на музејот www.museumstruga.mk Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи (во оригинал или копија заверена на нотар) за исполнување на општите и посебните услови:

  • Уверение за државјанство (не постаро од шест месеци);
  • Доказ  за општа здравствена способност за работното место/Лекарско уверение (не постаро од шест месеци);
  • Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);
  • Доказ- Диплома/Уверение за завршено соодветно образование;

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават директно во архивата на Музејот (секој работен ден од 9 до 15,00 часот)  или по пошта во затворен плик со назнака „За јавен оглас за вработување бр.02/2025“ на адреса: НУ Музеј  „Д-р Никола Незлобински“ Струга ,, ул Боре Хаџиески бр.69“  Струга, најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас.

Ненавремените и неуредни пријави и документација нема да се разгледуваат. Проверка на пријавата и доказите, како и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто. Изборот на кандидатите ќе се изврши во зависност од бројот на пријавените кандидати, а најдоцна во рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.