Годишна програма
ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА
НУ МУЗЕЈ „Д-Р НИКОЛА НЕЗЛОБИНСКИ“-СТРУГА ЗА 2026 ГОДИНА
МУЗЕЈСКА ДЕЈНОСТ И ЗАШТИТА НА НЕМАТЕРИЈАЛНОТО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО:
Во областа на музејската дејност и заштитата на нематеријалното културно наследство, ќе се реализираат следните проекти:
| Превентивна заштита на музејските експонати и музејскиот материјал од музејски штетници и обнова на диорами |
| Колекционирање на видови од фауна на дно од Охридското Езеро со цел заштита на движното културно наследство |
| Геоскенирање и контролно археолошко истражување во с. Ташмаруништа“ |
| Конзервација и реставрација на археолошкиот материјал од локалитет Врбник (истражувања 2022 и 2023 година) |
| Изработка на проект за реконструкција и адаптација на објектот на Природонаучната поставка на НУ Музеј Д-р Никола Незлобински-Струга |
| Одбележување на Илинденскиот период во Ташмаруништа и Струшко |
ИНВЕСТИЦИСКО ОДРЖУВАЊЕ, ОСИГУРУВАЊЕ, АДАПТАЦИЈА И НАБАВКА НА ОПРЕМА
Во областа на Инвестициското одржување, осигурување, адаптација и набавка на опрема, ќе се реализира следниот проект:
| Набавка на опрема за систем за рана детекција и дојава во случај на пожар |
| Замена на надворешна столарија-прозорци и врати на Управната зграда на НУ Музеј Д-р Никола Незлобински-Струга |
| Статичко зајакнување на тавански дел од Управна зграда на НУ Музеј Д-р Никола Незлобински-Струга |