ЈАВЕН ОГЛАС БР.01/2022
Date/Time
Date(s) - 07/10/2022 - 21/10/2022
9:00 am - 3:00 pm
Location
Природно-научен Музеј
Categories No Categories
Врз основа на член 3, член 5, член 6, став 1 и 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 199/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19),член 22 и 23 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и “Службен весник на Република Македонија” бр.110/19), како и одредбите од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, пријавата за вработување и начинот на спроведување на изборот на работните места бр. арх.бр.01-171/1 од 09.10.2019 година, а согласно Правилникот за систематизација на работните места на установата бр.01-143/1 од 14.08.2020 година, со сите негови измени и дополнувања и известувањето за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии бр.18-7008/2 од 11.08.2022 година,Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС БР.01/2022
НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга, има потреба од вработување на 1(едно) лице
помошно-технички персонал на неопределено време, за следното работно место:
I1.КУЛ 04 02 А01 001, Работник за обезбедување – 1 (еден) извршител
Посебни услови: средно образование,
Други посебни услови: Завршен противпожарен курс, лиценца за обезбедување.
Работно искуство: со/без работно искуство
Паричен нето износ на плата – 25.602,00 денари
НАПОМЕНА: Согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2022 година, вработувањето е предвидено за Албанец/ка
IIКандидатот за работното место треба да ги исполнува следниве општи услови:
– Да е државјанин на Република Северна Македонија;
– активно да го користи Македонскиот јазик;
– да е полнолетен;
– да има општа здравствена способност за работното место;
– со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност
или должност.
IIIРаспоред на работно време
–За работните места под реден број 1, работното време е во смени, со работни часа 40 неделно.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од наредниот ден од објавувањето на огласот во дневниот печат и наинтернетстраната на Музејот(www.museumstruga.mк) (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да гиисполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга или да се симне од интернет странатаwww.museumstruga.mk. Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи (во оригинал или копија заверена на нотар) за исполнување на општите и посебните услови:
- Уверение за државјанство (не постаро од шест месеци);
- Доказ за општа здравствена способност за работното место/Лекарско уверение (не постаро од шест месеци);
- Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);
- Доказ- Диплома/Уверение за завршено соодветно образование;
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават директно во архивата на Музејот (секој работен ден од 09:00до 15:00 часот) или по пошта во затворен плик со назнака „За јавен оглас за вработување бр.01/2022“ на адреса:НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга, ул. Боре Хаџиески, бр.69- Струга
Лице и телефон за контакт: правник Едона Зиба , 046 786 644
Ненавремените и неуредни пријави и документација нема да се разгледуваат. Проверка на пријавата и доказите, како и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто.
Изборот на кандидатите ќе се изврши во зависност од пријавените кандидати, а најдоцна во рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.