ЈАВЕН ОГЛАС БР.01/2021

Map Unavailable

Date/Time
Date(s) - 14/12/2021
9:00 am - 3:00 pm

Categories No Categories


Врз основа на член 3, член 5, член 6,  став 1 и 3 и член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 199/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.143/19),член 22 и 23 од Законот за работните односи (“Службен весник на Република Македонија” бр.62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15, 27/16, 120/18 и “Службен весник на Република Македонија” бр.110/19), како и одредбите од Правилникот за формата и содржината на јавниот оглас, пријавата за вработување и начинот на спроведување на изборот на работните места бр. арх.бр. 01-171/1 од 09.10.2019 година, а согласно Правилникот за систематизација на работните места на установата бр.01 – 143/1 од 14.08.2020 година, со сите негови измени и дополнувања и известувањето за обезбедени финансиски средства од Министерство за финансии бр.18-5923/2 од 25.06.2021 година ,Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга, објавува

 

 

ЈАВЕН ОГЛАС БР.01/2021

 

НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга, има потреба од вработување  на 2(две) лица

помошно-технички персонал на неопределено време, за следниве работни места:

 

I1.КУЛ 04 02 А01 001, Работник за обезбедување – 2 (два) извршители

Посебни услови: средно образование,

Други посебни услови: Завршен противпожарен курс, лиценца за обезбедување.

Работно искуство: со/без работно искуство

Паричен нето износ на плата – 21.566,00 денари

НАПОМЕНА: Согласно Годишниот план за вработување на институцијата за 2021 година, вработувањето е предвидено за Албанец/ка

 

IIКандидатот за работното место треба да ги исполнува следниве општи услови:

– Да е државјанин на Република Северна Македонија;

– активно да го користи Македонскиот јазик;

– да е полнолетен;

– да има општа здравствена способност за работното место;

– со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на  професија, дејност

или должност.

 

IIIРаспоред на работно време

За работните  места под реден број 1, работното време е во смени, со работни часа 40 неделно.

 

Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 15 (петнаесет) работни дена сметано од наредниот ден од објавувањето на огласот во дневниот печат  и на интернет страната на Музејот(www.museumstruga.mк) (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да гиисполнуваат во моментот на пријавувањето.

 

Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга или да се симне од интернет страната www.museumstruga.mk. Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи (во оригинал или копија заверена на нотар) за исполнување на општите и посебните услови:

 

 

  • Уверение за државјанство (не постаро од шест месеци);
  • Доказ за општа здравствена способност за работното место/Лекарско уверение (не постаро од шест месеци);
  • Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);
  • Доказ- Диплома/Уверение за завршено соодветно образование;

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават директно во архивата на Музејот (секој работен ден од 9 до 15,00 часот)  или по пошта во затворен плик со назнака „За јавен оглас за вработување бр.01/2021“ на адреса:НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга, ул. Боре Хаџиески, бр.69- Струга

Лице и телефон за контак: Едона Зиба , 046 786 644

 

Ненавремените и неуредни пријави и документација нема да се разгледуваат. Проверка на пријавата и доказите, како и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто.

 

Изборот на кандидатите ќе се изврши во зависност од пријавените кандидати, а најдоцна во рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.

 

Пријава за вработување -Музеј