ЈАВЕН ОГЛАС БР.01/2019 За вработување на неопределено работно време
Date/Time
Date(s) - 19/12/2019 - 04/01/2020
All Day
Categories No Categories
НУ Музеј ,,Д-р Никола Незлобински“ Струга, има потреба од вработување на неопределено време на 3 (три) лица даватели на услуги за работните места:
1.Кустос биолог –зоолог КУЛ 03 04 Д03 002 – 1(еден) извршители
Општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
Високо образование (со најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII степен) биологија
Работно искуство: до една година работно искуство
Распоред на работното време и износ на плата:
Работни часови неделно :40
Работни денови: од понеделник до петок
Работно време : 7:30 – 15:30
Нето плата 23.757,00 денари.
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план за вработување на институцијата за 2019 година, се:Турчин(ка) 1.
- 2. Кустос – археолог КУЛ 03 04 Д03 002 – 1 ( еден ) извршител
Општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
Високо образование со најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС, или завршен VII степен, археологија или историја на уметноста
Работно искуство: до една година работно искуство
Распоред на работното време и износ на плата:
Работни часови неделно :40
Работни денови: од понеделник до петок
Работно време : 7:30 – 15:30
Нето плата 23.757,00 денари.
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план за вработување на институцијата за 2019 година, се:Албанец(ка) 1.
3.Едукатор КУЛ 03 04 Д03 006 1 (еден) извршител
Општи услови:
-да е државјанин на Република Македонија
-активно да го користи македонскиот јазик
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место и
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
Високо образование со најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС, или завршен VII степен, биологија, географија и историја на уметност .
Работно искуство: до една година работно искуство
Распоред на работното време и износ на плата:
Работни часови неделно :40
Работни денови: од понеделник до петок
Работно време : 7:30 – 15:30
Нето плата 23.757,00
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план за вработување на институцијата за 2019 година, се:Албанец(ка) 1.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 15 (петнаесет) дена сметано од наредниот ден од објавувањето на огласот во дневниот печат и на интернет страната на Музејот www.museumstruga.mk (не сметајќи го денот на објавување на огласот). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Пријавата за огласот може да се подигне од архивата на во НУ Музеј „ Д-р Никола Незлобински“ Струга, или да се симне од веб страната на музејот www.museumstruga.mk
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Кандидатите заедно со пријавата треба да ги достават потребните документи (во оригинал или копија заверена на нотар) за исполнување на општите и посебните услови:
- Уверение за државјанство (не постаро од шест месеци);
- Доказ за општа здравствена способност за работното место/Лекарско уверение (не постаро од шест месеци);
- Потврда/Уверение дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност (не постаро од шест месеци);
- Доказ- Диплома/Уверение за завршено соодветно образование;
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Пријавата со потребната документација кандидатите треба да ја достават директно во архивата на Музејот (секој работен ден од 9 до 15,00 часот) или по пошта во затворен плик со назнака „За јавен оглас за вработување бр.01/2019“ на адреса: НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ Струга ,, ул Боре Хаџиески бр.69“ Струга, најдоцна до денот на завршување на рокот за пријавување на јавниот оглас.
Лице и телефон за контак: Лилјана Василеска, 046 786 644
Ненавремените и неуредни пријави и документација нема да се разгледуваат. Проверка на пријавата и доказите, како и интервјуто на пријавените кандидати ќе ги спроведе надлежна Комисија формирана за спроведување на постапка за вработување. Пријавените кандидати ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на интервјуто.
Изборот ќе се изврши во зависност од бројот на пријавените кандидати но не подоцна од рокот определен во член 23 став 2 од Законот за работните односи.