Денот на Охридското Езеро

Map Unavailable

Date/Time
Date(s) - 21/06/2017
12:00 am

Categories No Categories


Охридско Езеро – нашиот бисер, најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, под заштита на УНЕСКО. Езерото се одликува со уникатен екосистем, богат со ендемски и реликтни растителни и животински видови. По флористичкото богатство Охридското Езеро може да го сметаме за вистинска ботаничка градина. Живиот свет на езерото има свој одреден состав и своја историја неразделно врзана за историјата на самото езеро.

Појасите на трската во крајбрежната зона на Охридското Езеро имаат големо еколошко значење како биотоп на различните водни птици. Во комплексите на трската се хранат, живеат и се мрестат многу видови на риби особено крапот, а претставува и место каде се хранат, живеат и се гнездат многу птици. За жал ова природно живеалиште, оваа природна и незаменлива убавина се уништува години наназад, со палење на трската по должината на цело крабрежје и тампонирање на местото .

Охридското Езеро е едно од најбогатите и најзначајните археолошки подрачја на Балканот со евидентирани девет праисториски палафитни населби од кои осум езерски или крајбрежни – мочуришни и една крајречна населба. Во струшкото подрачје како и пределите-деловите на течението на реката Црн Дрим се издвојуваат три праисториски палафитни населби: крајезерско-речната Уста на Дрим, крајезерската мочуришна населба Врбник и крајречната Црквени ливади, меѓу кои локалитетот Врбник без сомнение се издвојува како најголем и најбогат.Тој е меѓу првите и ретките археолошки локалитети во Р. Македонија на кој се вршени систематски подводни археолошки истражувања
ПРОШЕТАЈТЕ ПОКРАЈ ЕЗЕРО, ПОСЕТЕТЕ ГО НАШИОТ МУЗЕЈ.