Вие сте овде:

Skip Navigation LinksStruga Museum :: Музеј Струга>Природнонаучно одделение
English Macedonian Albanian

Macedonia Струга


ПРИРОДОНАУЧНО ОДДЕЛЕНИЕ



  Долги години од неговото основање, во 1928 година, Музејот имал статус на природонаучна институција, што била и негова основна дејност.Таа  била научни-истражувачка, набљудувачко-собирачка дејност со морфолошко систематска обработка, препарирање и презентирање на природничкиот материјал. Во првите години од постоењето на Музејот, односно природонаучниот одел беше воден од ловџија и препаратор за ловење (собирање ) и препарирање на природниот материјал под раководство на д-р Никола Незлобински. После ослободувањето, односно со неговото повторно отворање за јавноста, во музејот биле вработени и стручни лица-биолози (зоолог и ботаничар) и двајцата препаратори. Интензивното колекционирање со целосна научна обработка на материјалот овозможи брзо збогатување на фондот на музејските експонати. Денес во музејските депоа и самата изложба се наоѓа богат музејски материјал од непроценливо значење за науката.


   Скромната ентомолшка збирка, со неколкуте претставници на цицачи и грабливи птици во почетокот, денес претставува еден огромен комплекс каде се презентирани карактеристичните претставници на сите животински групи кои егзистираат на поднебјето што не опкружува, а во последно време и дел од ботаничкиот материјал (претежно блатни и водни растенија).

   Во изложбата се уредени голем број мали и големи диорами (витрини) во кои се прикажани повеќе видови животни со нивните карактеристичи места на живеење. Целокупниот материјал презентиран во изложбата и депониран во депоата е собран од најблиската околина на градот (крајбрежните и длабинските води на Охридското Езеро, полето и планинските масиви - Јабланица, Галичица и Карарорман, како и течното корито на реката Црн Дрим), со што и самиот Музеј добива карактер на локален музеј, но со огромен број примероци несвојствени за помал регион. Во музејските витрини денес можат да се сретнат примероци кои веќе одамана се водат како исчезнати како резултат на промената на еколошките услови од една страна и нови видови регистрирани примероци, што претставува голем придонес за биолошката наука воопшто, додека пак застарениот начин на презентирање не ги задоволува стандардите на современата музеологија.

   Активноста на стручните лица од ова одделение е насочена кон реализацијата на биолошката програма, а и активност на полето на воспитно-образовен план преку обезбедување достапност на Музејот и неговите поставки за посетителите и дополнети со стручни објаснувања за богатството на регионот со природниот свeт. Стручната екипа на ова одделение континуирано е во тек со научните достигнувања од областа на музеологијата преку учество на конгреси, симпозиуми секции и др. и организирање на тематски изложби. Тематската изложба "Охридското Езеро и неговиот каратеристичен жив свет" припремена и презентирана од овој оддел во повеќе градови во Македонија (Охрид, Кичево, Прилеп, Струмица) предизвика голем интерес кај посетителите, со карактеристичен приод - извонредната изработка на препаратите со нивно презентирање, преку уметничко ангажирање на животните станишта каде индивидуата егзистира.

   Заштитата на биолошките препарати, со оглед на нивната органска природа, претставува посебен мотив за вработените. Тоа се постигнува со третирање на експонатите  со посебно хемиски средства за заштита од музејска гризлица, на секои две години, од страна на овластени професионални организации и континуирано надгледување наистите од стручна екипа при Музејот.






ФОТОГРАФИИ ОД ПРИРОДОНАУЧНОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА МУЗЕЈОТ ВО СТРУГА

PELECANUS CPISPUS Пеликан
 

PELECANUS CPISPUS
SALMO LTNICA, L. Охридска пастрмка

SALMO LTNICA, L
CYGNUS OLOR  Лебед

CYGNUS OLOR
ANAS CLYPEATA, L Патка лопатарка
 

ANAS CLYPEATA, L
PLATALEA LEUCORODIA Чапја лопатарка
 

PLATALEA LEUCORODIA
NETTA RUFINA Превез 

NETTA RUFINA
TETRAX TETRAX, L Мала дропка

TETRAX TETRAX, L
ALETORIS GRACEA Камењарка
 

ALETORIS GRACEA
AQUILA CHRYSEAETOS, L Сур(и) орел
 

AQUILA CHRYSEAETOS, L
GYPS FUVUS Белоглав мешојад

GYPS FUVUS
LUTRA LUTRA Видра

LUTRA LUTRA
MARTES FOINA Куна белка
 

MARTES FOINA
Теле со две глави
 

Теле со две глави
CAPREOULUS CAPREOULUS Срна
 

CAPREOULUS CAPREOULUS
LYNX LYNX Рис

LYNX LYNX
URSUS ARCTOS, I. Кафеава мечка
 

URSUS ARCTOS, I.
Пеперутки од фамилијата SATURNIDAE
 

SATURNIDAE
Пеперутки од фамилијата PAPILIO
 

PAPILIO
Инекти од фамилија  CERAMBICIDAE

CERAMBICIDAE
Инекти од фамилија LUCANIDAE

LUCANIDAE
Инекти од фамилија LIBEL(U)LIDAE
 

LIBEL(U)LIDAE
Работа во одделот за препарирање.
 

Работа во одделот за препарирање
Змии од фамилиите: VIPERA  (поскок, шарка) и COLUBER (смок)
 

VIPERA, COLUBER
SPONGIA - Сунџер од Охридското Езеро

SPONGIA