Вие сте овде:

Skip Navigation LinksStruga Museum :: Музеј Струга>Историско одделение
English Macedonian Albanian

Struga Струга


ИСТОРИСКО ОДДЕЛЕНИЕ



  Дејноста на историското одделение е насочена кон собирање сведоштва за историското минато на овој крај, нивна обработка и презентирање. Тие сведоштва se во форма на документи  и оригинални фотогрфии на личности, настани и места од нашата историја, мемоарска граѓа на живи учесници за нашето историско минато, предмети од историско значење, старо оружје, фотографии на Струга и струшкиот крај, лична заоставштина на д-р Никола Незлобински.
  Од почетокот на 80-тите години до 1993 година, во рамките ма ова одделение на Музејот, работеше и Спомен домот на браќата Миладиновци. Во овој простор беше изложена најбогатата збирка оригинални документи, факсимили и фотографии на браќата Димитар, Константин и Наум Миладинови. Во него беше сместен и фондот на Меѓународната поетска библиотека.


   Одруга страна пак поради годишнини и јубилеи на историските настани, стручните лица на ова одделение подготвуваа и презентираа тематски изложби соодветно на настаните. Во оваа прилика само ќе ги наведме нивниот број според тематска содржина: за илинденкиот период две изложби, за браќата Миладиновци три изложби, за НОАВМ четири изложби, за места две изложби и една изложба со наслов "Борбениот пат на 1 македонска пролетерска бригада" како постојана поставка во Спомен домот на бригадата во Локов. Некои од овие изложби беа поставувани и во други места во Македонија, други се преизлагаат по поводи.






Лични предмети на Никола и Софија Незлобински


Лични предмети на Никола и Софија Незлобински