Вие сте овде:

Skip Navigation LinksStruga Museum :: Музеј Струга>Археолошко одделение
English Macedonian Albanian

Struga Струга

АРХЕОЛОШКО ОДДЕЛЕНИЕ

  Археолошкото одделение е формирано во 1980 година со што започнуваат и редовните археолошки активности во Музејот, иако збирката на археолошки предмети започнала да се оформува многу порано, кон крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години кога со рекогносицирање на теренот од археолозите на Музејот во Охрид и првите систематски истражувања на локалитетот "Уста на Дрим", спроведени од Археолошкиот музеј во Скопје, (археолог, С.Саржоски) истата се пополнува и збогатува. Со  формирање  на археолоњкото одделение започнуваат и редовни систематски ископувања на повеќе локалитети во Струшко, рекогносцирање на теренот и пределите околу Струга, прибирање, евиденција и обработка на археолошки предмети и материјали.

    Покрај веќе познатите локалитети: ранохристијанската базилика во Радолишта, (акд. Д.Коцо, археолог Б.Маленко) истражена и конзервирана во педесеттите години за која се води перманентна грижа и одржување, се продолжи со ископување и конзевација и на ранохристијанската базилика на локалитетот Свети Никола во село Октиси (акд. Д.Коцо, д-р В.Битракова Грозданова), а беше откриен и истражен и локалитетот Свети Мартинија во село Ташмаруништа ( д-р В.Битракова-Грозданива). Сите овие базилики се со вредни подни мозаици од периодот на 5- 6 век. Некои од нив се целосно заштитени и презентирани, а другите се во фаза на реставрација и конзервација и се подготвуваат за презентирање.
    Богат археолошки материјал е добиен од ископувањата и устражувањата и на други локалитети: Уста на Дрим во Струга и Црковни Ливаѓе во село Враништа (археолог Р.Пашиќ) со наоди од праисторискиот период и остатоци од наколни живеалишта, локалитетот Свети Илија во село Делогожда ( д-р В.Битракова-Грозданова) каде, покрај другите наоди: алатки, прстени, белегзии, садови и накит, пронајден е и еден редок примерок на древномакедонски шлем. Меѓу позначајните истражувања се ископувањата на локалитетот кај црквата Света Богородица во село Враништа (акд Д.Коцо ). Знчајни археолошки наоди се откриени на локалитетите Плаши Круша во село Дабовјани, Гробишта во село Корошишта, Света Атанасија во Октиси ( д-р В.Битракова-Грозданива).

  Повеќе од триесет години како соработник на Музејот во Струга и раководител на повеќето од археолошките истражувања е д-р В.Битракова-Грозданова. За нејзиниот успешен професионален и стручен ангажман, во 2008 годин, Музејот ја предложи за добитник на државната Свети Климентова награда. Посебно би истакнале дека Музејот во Струга, за првпат во нашата земја, започнува со подводни археолошки истражувања на локалитетот Врбник кој се наоѓа во близина на градот, во водите на Охридското Езеро ( археолог В.Саневч археолог Г.Санев ). При овие истражувања е дојдено до богат археолошки материјал кој денес се наоѓа во депото на Музејот.

  Археолошкиот материјал со кој располага Музејот е богат, разновиден и се состои од камени и коскени орудија, бронзени и железни примероци на орудија, делови од оружја, разни видови садови, до премети од глина, украсни предмети и накит од метал и стакло. Музејот располага и со вредна и разновидна нумизматичка збирка.

ФОТОГРАФИИ ОД АРХЕОЛОШКОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА МУЗЕЈОТ ВО СТРУГА

Наколно живеалиште, локалитет "Уста на Дрим"
 
Наколно живеалиште, локалитет "Уста на Дрим"
Камени и коскени алатки од локалитетот "Уста на Дрим"

Камени и коскени алатки од локалитетот "Уста на Дрим"
Хидрија

Хидрија
Бронзен шлем македонски, Св. Илија, с. Делогожда, 5-6 век п.н.е
 
Бронзен шлем македонски, св. Илија, с. Делогожда, 5-6 век п.н.е
Ѓердан од килибар,фибула и метален предмет со апликација, Св. Илија, с.Делогожда
 
Ѓердан од килибар,фибула и метален предмет со апликација, Св. Илија, с.Делогожда
Фибула,Малоазиски штит, 5-6 век п.н.е, Св. Илија, с.Делогожда 

Фибула,Малоазиски штит, 5-6 век п.н.е, Св. Илија, с.Делогожда
Ѓердан од плави монисти, Св. Илија, с.Делогожда

Ѓердан од плави монисти, Св. Илија, с.Делогожда
Ѓердан од стаклена паста во вид на мали амфори, Св. Илија, с.Делогожда
 
Ѓердан од стаклена паста во вид на мали амфори, Св. Илија, с.Делогожда
Златни обетки со лавји протом, македонско-хеленистички, Св. Илија, с.Делогожди
 
Златни обетки со лавји протом, македонско-хеленистички, Св. Илија, с.Делогожди
Сребрен прстен, Св. Илија, с.Делогожди

Сребрен прстен, Св. Илија, с.Делогожди
Рачка од бронзен кратер со зооморфна декорација, Св. Илија, с.Делогожди

Рачка од бронзен кратер со зооморфна декорација, Св. Илија, с.Делогожди
Белегзии и ѓердан, Св. Илија, с.Делогожди
 
Белегзии и ѓердан, Св. Илија, с.Делогожди
Фибули од малоазиски тип, Св. Илија, с.Делогожди
 
Фибули од малоазиски тип, Св. Илија, с.Делогожди
Прстени од римски период, Св. Илија, с.Делогожди
 
Прстени од римски период, Св. Илија, с.Делогожди
Стаклена чаша со флорална декорација, римски период, Св. Илија, с.Делогожди

Стаклена чаша со флорална декорација, римски период, Св. Илија, с.Делогожди
Плитки чинии и балсамариум од стакло, римски период, Св. Илија, с.Делогожди
 
Плитки чинии и балсамариум од стакло, римски период, Св. Илија, с.Делогожди
Длабока чинија, мала амфора и балсамариум, римски период, Св. Илија, с.Делогожди
 
Длабока чинија, мала амфора и балсамариум, римски период, Св. Илија, с.Делогожди
Хеленистички садови и хеленистички накит, Св. Илија, с.Делогожди
 
Хеленистички садови и хеленистички накит, Св. Илија, с.Делогожди
Два праисториски сада, скифос и остатоци од хеленистичка керамика, Св. Илија, с.Делогожди

Два праисториски сада, скифос и остатоци од хеленистичка керамика, Св. Илија, с.Делогожди
Керамика и оружје,Св. Илија, с.Делогожди

Керамика и оружје,Св. Илија, с.Делогожди
Киликс, антички период, Св. Илија, с.Делогожди
 
Киликс, антички период, Св. Илија, с.Делогожди
Амфора македонски тип,кантаровидна чаша, унгугвентауруми и хеленистички накит, Св. Илија, с.Делогожди
 
Амфора македонски тип,кантаровидна чаша, унгугвентауруми и хеленистички накит, Св. Илија, с.Делогожди
Делови од поден мозаик, базилика Св. Илија, с.Делогожди
 
Подводни истражувања од наколна населба, локалитет Врбник, Струга