Биолошко одделение

Природно-научна музејска поставка
Постојаната природно-научна музејска збирка, која е изложена во Музејот, е значајна и карактеристична по тоа што сите примероци потекнуваат од Струга и околината, Охридското Езеро, блатото, полето, околните планини, со што и самиот Музеј е, всушност, специјализиран за одредено поднебје. Самата изложба изобилува со богат музејски материјал кој има непроценливо значење за науката. Претставени се различни видови инсекти, водоземци и влечуги, риби кои живеат во Охридското Езеро, голем број различни птици, како и цицачи карактеристични за нашиот крај – преставници од сите животински групи, како и дел од ботаничкиот материјал. Во изложбата се еволутивно презентирани експонати од сите животински категории – од најпримитивните форми до цицачите. Во рамките на биолошкото одделение работи и препараторски оддел, кој се грижи за одржувањето на поставката.